Излезе од печат првиот том од едицијата „Македонија во странскиот печат“-издание на Државниот архив на Република Македонија

Излезе од печат првиот том од едицијата „Македонија во странскиот печат“ – издание на Државниот архив на Република Македонија, во соработка со министерството за култура.На крајот на минатата година, како дел од четиритомната едиција „Македонија во странскиот печат“, Државниот архив на РМ го издаде томот еден.
Одличната соработка на Државниот архив со министерството за култура уште еднаш се потврдува преку реализацијата на овој проект. Ова мошне значајно дело се состои од 840 страни и на едно место ги собира написите и статиите за Македонија од крајот на 19 век до создавањето на независна Република Македонија.
Опфаќа весници од повеќе земји, од кои во овој том се претставени Австралија, Нов Зеланд, Австрија, Бугарија, Германија, Русија, САД, Србија, Франција и Хрватска. Проектот на кој се вклучени повеќе доктори на науки и истражувачи од земјава ги пренесенува во оригинална – изворна форма весниците, со соодветен превод и фусноти.На крајот на минатата година, како дел од четиритомната едиција „Македонија во странскиот печат“, Државниот архив на РМ го издаде томот

Пронајдете не на следниве мрежи: