Деновиве излезе од печат новспецијален број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ што го приреди романсиерот, раскажувач, критичар и есеист, Трајче Крстески, кој е и главен и одговорен уредник на ова списание.„Стремеж“ е едно од најстарите и најугледни македонски списанија за литература, уметност и култура што континуирано се објавува од 1954 година, а досега се излезени повеќе специјални броеви посветени како на одредени теми и жанрови, така на афирмирани македонски и светски автори.
Овој двоброј на списанието претставува избор од критичките и есеистичките текстови објавувани во изминатите децении во списанието и претставува најава за идна антологиска ретроспектива на македонската книжевна критика и есеистика низ призмата на „Стремеж“.
Читателите можат да ги (пре)прочитаат антологискиот есеј „Еден опит“ од Блаже Конески, есејот за поврзаноста на Македонија и македонската поезија со Библијата, насловен „Орфеј и Исус“ од Анте Поповски, есејот „Сеќавања за големиот мајстор на муралот“ од Ристо Костовски за ликовниот уметник Борко Лазески, есејот „Драмата на битието“ од Санде Стојчевски посветен на онтолошките теми во поезијата на Ефтим Клетников, критичкиот осврт на проф. д-р Славица Србиновска „Во просторот на зборот“ за поезијата на Весна Ацевска, теорискиот есеј „За креативниот сомнеж“ од Јовица Тасевски-Етернијан, критичкиот осврт „Откривање на смислата и суштината на уметничкото дело“ од Маја Апостолоска за делото „Структурата на уметничкиот текст“ од еден од најзначајните светски теоретичари на литературата, Јуриј М. Лотман, како и критичката анализа „Читателот и литературниот процес“ од В. Соколов.
Објавувањето на списанието „Стремеж“ е поддржано од Министерството за култура.„Стремеж“ е едно од најстарите и најугледни македонски списанија за литература, уметност и култура што континуирано се