Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ синоќа беше отворена изложба на уникатни парчиња сребрен накит, изработени рачно во филигранска техниката од дизајнерката Јованка Јанкоска – Бобе. Изложбата е насловена „Класје“ и претставува уште една уметничка приказна на дизајнерката со класични надградени мотиви на сребрениот рачно изработен накит.
– Креациите на „Класје“ филигранот го прават впечатлив и посакуван, нагласувајќи ја константната убавина на сребрената нишка низ времето и просторот, нагласува авторката на изложбата. Јанкоска вели дека моќта на фантазијата, креативноста и традицијата создаваат уникатни дела посакувани од голем број љубители на накит. Листот на класјето доминира и ги следи модерните трендови во комбинација со различни полудраги обработени камења во црвена, бела и црна боја.
Ова е втора самостојна изложба на Јанкоска, која е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија. Изложбата има продажен карактер и ќе трае до 22 декември.Изложбата е насловена „Класје“ и претставува уште една уметничка приказна на дизајнерката со класични надградени мотиви