Изложба по повод 25 години од независноста на Република МакедонијаДржавниот архив на Република Македонија на 3 септември 2016 (сабота), во 12 часот, промовира изложба по повод 25 години од независноста на Република Македонија, на Плоштадот Македонија. Изложбата ја сочинуваат со наслов „25 години независна Република Македонија“ 25 банери на кои се претставени документи и фотографии од изминатите 25 години и го опфаќаат секој сегмент од општествено-политичкиот развој и живот на државата, како што е процесот на осамостојување, првите важни акти, спорт, култура, уметност итн. Изложбата ќе биде поставена до 20 часот, а потоа е предвидено да патува низ плоштадите на град Скопје и општините во Република Македонија. Покрај банерите, минувачите ќе можат да ги разгледаат изданијата на Архивот и да купат книги и примероци од Специјалната едиција на документи верни на оригиналот. Средствата од продажбата ќе се донираат за лицата што претрпеа штети од поплавата на 6 август.Државниот архив на Република Македонија на 3 септември 2016 (сабота), во 12 часот, промовира изложба по повод 25 години од независноста на Републик
Пронајдете не на следниве мрежи: