Изложба по повод 25 години од независноста на Република Македонија

Со задоволство ве известуваме дека Државниот архив на Република Македонија на 3 септември 2016 (сабота), во 12 часот, промовира изложба по повод 25 години од независноста на Република Македонија, на Плоштадот Македонија. Изложбата ја сочинуваат со наслов „25 години независна Република Македонија“ 25 банери на кои се претставени документи и фотографии од изминатите 25 години и го опфаќаат секој сегмент од општествено-политичкиот развој и живот на државата, како што е процесот на осамостојување, првите важни акти, спорт, култура, уметност итн. По завршување на настанот, изложбата е предвидено да патува низ плоштадите на град Скопје и општините во Република Македонија. Покрај банерите, минувачите ќе можат да ги разгледаат изданијата на Архивот и да купат книги и примероци од Специјалната едиција на документи верни на оригиналот. Средствата од продажбата ќе се донираат за лицата што претрпеа штети од поплавата на 6 август. Покрај ова, препечатен е првиот број на првиот независен дневен весник во Македонија – „Република“, со што граѓаните ќе можат да се потсетат на настани од нашето блиско минато.
Изложбата ја сочинуваат со наслов „25 години независна Република Македонија“ 25 банери на кои се претставени документи и фотографии од

Пронајдете не на следниве мрежи: