ИЗМАМА НА ВЕКОТ: Најпознатата фотографија на светот е фалсификат?

Она што е интересно е дека првиот човек од десно, наводно e словачкиот работник Густо Попович, кој оваа фотографија ѝ ја пратил на неговата сопруга. Таа тврди дека сликата е монтирана и дека под металната конструкција се наоѓал дрвен под.Фотографијата наречена „Ручек на врвот на облакодер“, е направена во 1932 година и прикажува 11 работници кои седат на металната конструкција на центарот Рокфелер во Њујорк, за време на неговата изградба. Таа ги отсликува работниците кои безгрижно го јадат својот ручек на височина од 256 метри.
Оваа легендарна фотографија беше предмет на документарниот филм „Човек на ручек“, со кој им се оддаде почит на доселениците во САД.
Иако оваа фотографија повеќе од 80 години ги претставувала хероите кои го граделе Менхетен, браќата Шон и Емон О`Кулајан од Западна Ирска, во 2009 година сфатиле дека многу малку факти се познати за фотографијата, па одлучиле да направат документарен филм за неа.
Многу луѓе имаат погрешно мислење дека станува збор за изградбата на Емпаер стејт, а металната конструкција всушнот му припаѓа на центарот Рокфелер. Се верува дека станува збор за монтирана слика, која овој центар ја имаше направено како дел од промоцијата за својата нова зграда.
Браќата Шон и Емон се трудат да ги идентификуваат сите 11 работници на фотографијата. За сега успеале да ги пронајдат имињата на само половина од мажите.
Покрај оваа, постои и фотографија на која работниците на металната конструкција мавтаат со капи.
– Од длабочината на душата се надевам дека никогаш нема да го откриеме идентитетот на мажите, бидејќи токму мистеријата е она што ја прави оваа фотографија интересна – рече Шон.
Погледнете го видеото:Фотографијата наречена „Ручек на врвот на облакодер“, е направена во 1932 година и прикажува

Пронајдете не на следниве мрежи: