Измена на законот за јазиците е против интересите на Македонците

Хрватската европратеничка и претседател на групата „Пријатели на Македонија во Европскиот парламент“, Маријана Петир, во настап пред своите колеги во Европарламентот, денеска се осврна на завчерашниот Совет за стабилизација и асоцијација на Европската унија и Република Македонија. Притоа, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Петир порача дека разумот ќе надвладее кај премиерот Зоран Заев и дека тој нема да попушти, како што таа рече под уцените и притисоците во врска со измените на законот за употреба на јазиците, бидејќи според неа, тој закон ќе биде неуставен и спротивен на интересите на македонските граѓани.Говорејќи за новата Влада на Република Македонија, која европратеничката посочи дека беше формирана со постизборна коалиција меѓу социјал-демократите и партиите што го претставуваат албанското малцинство во земјата, Петир истакна дека таа Влада „се соочува со голем предизвик“.
– Со цел да добијат мандат за формирање Влада, социјал-демократите им ветија на своите коалициски партнери дека ќе извршат промена на Законот за јазиците со кој ќе се прошири службената употреба на албанскиот јазик во целата земја и албанските партии сега очекуваат истиот да се усвои до септември. Но, јас се надевам дека разумот ќе надвладее и дека премиерот Зоран Заев нема да попушти под уцените и притисоците во врска со измените на Законот за употреба на јазиците, бидјеќи тој Закон ќе биде неуставен и спротивен на интересите на македонските граѓани, рече Маријана Петир во нејзиниот настап пред Европскиот парламент.
Во однос на завчерашниот Совет на ЕУ и Македонија, таа ја цитираше заедничката изјава што ја испратија учесниците на Советот за стабилизација и асоцијација и посочи дека „вратите на ЕУ за Македонија, за жал, се уште се затворени“.
– Љубезната порака дека Советот „зема предвид дека отворањето на преговорите за пристапување е примарна цел на новата македонска Влада“, најблаго кажано е несоодветна, бидејќи тоа беше примарна цел на сите досегашните Влади на Република Македонија изминатата деценија, додаде Петир.
Хрватската европратеничка напомена дека отворањето на преговорите за членство и пристапување кон Европската унија е цел за која Република Македонија се одлучи уште во 2004 година, кога ја поднесе својата апликација за членство и според неа, тоа е целта кон која тежнееле сите досегашни македонски Влади, а за чие остварување, петир вели дека Европската унија не помага „и ЕУ може да се смета исто така за одговорна за пролонгираната политичка криза и нестабилност во земјата, која, пак, резултираше со забавување на реформскиот процес што Македонија внимателно го спроведуваше“.
– Македонија е одамна подготвена, не само за отворање на преговорите, туку и за членство во Европската унија, а несигурноста и нестабилноста со која македонскиот народ се соочи последните месеци не смее да се повтори, заклучи Маријана Петир.Говорејќи за новата Влада на Република Македонија, која европратеничката посочи дека беше формирана со постизборна коалиција меѓу социјал-демократи

Пронајдете не на следниве мрежи: