Верувале или не, висината не е само важна кога е во прашање тоа дали ќе ја остварите кариерата во светот на манекенството или кошарка. Не е сеедно колку сте високи, дури ни кога се работи за ужасна болест.Високите луѓе, а поебно жените, имаат повеќе шанси да заболат од рак од пониските, открива ново истражување.
Опсежна студија со која биле повеќе од пет милиони Швеѓани, родени помеѓу 1938 и 1991 година, покажала дека ризикот од рак е 18 проценти поголем за секои дополнителни 10 сантиметри .
За пример, жена висока 172 см имаат 18 проценти повеќе шанси да заболат од некој вид на рак од жеите чија висина е 162см.
Резултатите од истражувањата, кои се уште не се објавени, биле претставени на конференцијата на Европското друштво на ендокринолози, која се одржува во Барселона, др Емели Бени од шведскиот институт Каролинска.
Најновите наоди ги потврдуваат претходните истражувања со кои веќе е установено постоењето на врската помеѓу телесната висина и ракот.
Шведската студија укажала дека високите жени имаат 20 проценти повеќе шанси да заболат од рак на дојка за секои дополнителни 10 см, додека ризикот од меланом е поголем за 30проценти кај високите, како мажи така и жени.
Едно истражување, објавено во 2013 во САД, покажало дека високите жени имаат 13 проценти поголеми шанси да заболат од одредени видови рак за секои дополнителни 10 см.
Авторот на студијата истакнува дека ракот е последица на „процесот поврзан за растот“, и дека е логично да се заклучи дека хормоните на раст можат да го зголемат ризиокот од заболување.
Новата студија, меѓутоа, е дочекана со поголема доза внимателност меѓу експертите кои истакнуваат дека таа не донесува ништо ново и дека понатаму постои неизвесност, посебно кога се имаат во вид и други фактори на ризик (тутун, гени, дебелеење…)Високите луѓе, а поебно жените, имаат повеќе шанси да заболат од рак од пониските, открива ново истражување.
Опсежна студија со која биле п



