Измислен е нов збор за францускиот бакнеж

Никогаш во Франција немало официјален збор за францускиот бакнеж, иако тоа сигурно не ги запира граѓаните да го практикуваат.
Овој пропуст веќе е поправен. Глаголот „galocher“ – бакнувам со јазик, е новиот збор кој е вклучен во изданието за 2014 година на францускиот речник „Petit Robert“ кој излезе вчера.
За многумина е изненадување дека Франција, земја позната по љубовните подвизи која му го дала на светот секс симболот Брижит Бардо, романтичниот фотограф Роберт Доазо, па дури и скандалозниот поранешен директор на ММФ Доминик Строс-Кан, дури сега на популарниот бакнеж му даваат посебен и соодветен збор во речникот.
Се вели дека терминот „француски бакнеж“ бил пренесен во англиското говорно подрачје од војниците кои се вратиле од Европа по Првата светска војна.
Лоран Лапорта од издавачката куќа Роберт изјави дека „galocher“ е жаргонски збор кој кружи во францускиот јазик веќе некое време, „но дури сега е официјално признат во францускиот речник.“
Инаку „La galoche“ е обувка за возење скејт, така што зборот се поврзува со идејата за лизгање на мраз.
Сметате ли дека овој збор е доволен и соодветен да се опише францускиот бакнеж?Никогаш во Франција немало официјален збор за францускиот бакнеж, иако тоа сигурно не ги запира граѓаните да го практи

Пронајдете не на следниве мрежи: