Измислувајќи нови барања СДСМ постојано бега од избори

СДСМ преку отворање на нови теми и барања кои никогаш не биле на маса и за кои никогаш не се разговарало и нема потреба да се разговара, повторно се обидува да избега од избори и соочување со волјата на народот. Експертската јавност е согласна дека со овој Устав и овие закони не може да има посебни судии за предметите на СЈО, а со евентуално поминување на идејата за специјален судски оддел ќе се урне македонскиот судски систем. Според нив барањето на СДСМ е во најмала рака скандалозно, противуставно и директно спротивно на принципот на владеење на правото во земјата.Дел од опозициските мегафони и медиуми денеска шпекулираат со формирање на специјализрано судско одделение за предметите од СЈО, барање кое опозицијата сега го актуелизира преку своите медиуми, а за кое никогаш не се разговарало и според експертската јавност нема потреба да се разговара.
Специјален судски оддел ќе го урне судскиот систем
Поранешниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски пред неколку дена предупреди дека интерпретациите што се пласираат за формирање на специјално судско одделение кое ќе постапува по предметите што ги иницира Специјално јавно обвинителство не само што се притисок врз независноста на судиите туку се насочени и кон рушење на целокупниот судски систем во нашата земја.
Ушковски потенцира дека со закон никаде не е предвидено оти во рамките на Kривичниот суд може да се формира специјално одделение за постапување по предмети на СЈО. Истовремено, наведува тој, вакви измени на законот не се предвидени ниту во извештајот на Прибе, ниту во договорот од Пржино.
– И во организациска и во функционална смисла во судството во РМ се применети и тоа функционира согласно највисоките европски стандарди. А кога преку ваквите инсинуации со кои се пласираат идеи за специјално судско одделение, ова не само што е притисок врз независноста на судиите туку е насочено и кон рушење на целокупниот судски систем во нашата земја – нагласува доскорешниот претседател на Судскиот совет.
Ушковски наведува дека ваквото прашање не може да се отвори во рамките на разговорите на партиите што го потпишале Пржинскиот договор. Но, од друга страна, Ушковски предупредува дека тоа што од една страна се форсира воведувањето на специјалното судско одделение може да предизвика и реакција на другата страна.
– Сега се поставува прашање дали тоа значи дека ако некоја друга од четирите партии потписнички на Пржинскиот договор оцени и смета дека СЈО селективно постапува по предметите што ги иницира, може да побара формирање на посебен оддел во рамките на СЈО за предметите по кои засега не покажува интерес за постапување. Барањето за формирање посебен оддел во рамките на СЈО и тоа не само теоретски би имало и поголема основа отколку да се формира посебно судско одделение. Затоа што СЈО како модел е договорно формирано надвор од Уставното, единствено и самостојно Јавно обвинителство на РМ – смета поранешниот прв човек на Судскиот совет.
Тој додава дека како што се бара поддршка за работата на СЈО, така меѓународните фактори, сите политички институции, како и целокупната домашна јавност и поединци треба континуирано да даваат поддршка за работата на судството.
– Затоа што сите претседатели на судовите, судиите и судските службеници го имаат целокупниот капацитет и професионално си ги извршуваат својата функција и задачи – вели Бранко Ушковски.
Со овој устав и овие закони, не може да има посебни судии за предметите на СЈО
Актуелниот претседател на СУдскиот совет Зоран Караџовски  коментира дека согласно Уставот и актуелните законски рамки за организација на судскиот систем во државата не е возможно да се формира одделение во Kривичниот суд за случаите на СЈО, како што сега се бара.
– Официјално до нас, како Судски совет, с` уште никој се нема обратено за ваквата идеја. Kако институција, тело чија надлежност е избор и разрешување судии, сме на став дека согласно Уставот и актуелните законски рамки таква можност за формирање посебно одделение во рамките на Kривичниот суд, нема. Со закон е дефинирано дека Основниот суд Скопје 1 единствено има специјализирано одделение за организиран криминал и корупција со надлежност на целата територија на државата и за точно определени кривични дела. Судскиот совет апелира дека какви и законски измена да се заговараат во организацијата на судскиот систем, па макар тоа да е и формирање одделение локализирано на предметите од СЈО, да се внимава на Уставот и законите – вели Зоран Kараџовски, претседател на Судскиот совет на РМ.
Предлогот на СДСМ  е скандалозен и противуставен
Универзитетската професорка по уставно право и политчки систем, Тања Каракамишева-Јовановска смета дека предлогот на СДСМ, поддржан од една странска амбасада за создавање паралелен суд, или посебно судско одделение во рамките на Кривичниот суд Скопје 1, е во најмала рака скандалозен, противуставен и директно спротивен на принципот на владеење на правото во земјата.
-Додека Уставот на РМ вели дека организацијата на судството е единствена, и дека се забранети вонредни судови, постојниот Закон за судовите има предвидено специјализирано судско одделение  надлежно за судење на кривични дела од сферата на организираниот криминал и корупцијата за целата територија на РМ. И покрај ваквите уставни и законски одредби, СДСМ инсистира во земјава да се направи нов суд, или ново судско одделение за предметите што ќе бидат процесуирани од СЈО, што после разнебитувањето на јавното обвинителство, треба да направи и целосно девалвирање и на судскиот систем во земјата, вели Каракамишева- Јовановска.
Според неа, овој паралелизам во правосудниот систем на РМ не е нова стратегијана СДСМ, бидејќи целото нивно досегашно политичко делување се заснова на оваа матрица на паралелизам.
-Се случи противуставно инсталирање на Специјално јавно обвинителство, а како што тргнале работите, со голема помош од еден странски амбасадор, ќе се пикне и предлогот за ново специјализирано судско одделение надлежно да ги води предметите што ќе им ги доставува СЈО. Оние предмети што, како што велат специјалниве обвинителки, се засноваат на 70-80% заснованост на доказите, што е вистинска правна лудорија и несериозност во работењето. Тоа се истите оние предмети што се поднесуваат исклучиво за функционери и видни членови на ВМРО-ДПМНЕ, како единствени лица кои се предмет на анализа на ова специјално обвинителство. И бидејќи СЈО се занимава само со ВМРО-ДПМНЕ, и евентуално новото судско одделение кое треба да биде дупликат на СЈО ќе суди само предмети против ВМРО-ДПМНЕ. Интересно ќе биде кој суд, во таква констелација на односи, ќе одлучува по жалби против одлуките на ваквиот посебен и специјален суд, како ќе се избираат „подобните“ судии за овој суд, по кои критериуми ќе се распоредуваат овие судии, како тоа се мисли да се прави надвор од Судскиот совет на РМ кој е единствен орган надлежен за избор и оценка на работата на судиите и многу други прашања што ќе висат во воздухот, вели Каракмишева- Јовановска.
Според неа, целата оваа паралелна политичка стратегија на СДСМ има за цел девалвирање на најважните сегменти на Република Македонија како држава.Дел од опозициските мегафони и медиуми денеска шпекулираат со формирање на специјализрано судско одделение за предметите од СЈО, барање кое опозици

Пронајдете не на следниве мрежи: