Изнајмила убиец да ги ликвидира сопругот и децата поради куќа: Платеникот во последен миг ѝ го направи ова!

Шели Ен Картер (42) е уапсена заедно со своето помладо момче Рајан Старк (23) откако платениот убиец кој го најмила за да ги ликвидира нејзиниот сопруг и децата сам се пријавил во полиција, пишува The Daily Beast.Дресерката на кучиња од Охајо му понудила на платениот убиец 1000 долари и автомобил за да го убие нејзиниот 44-годишен сопруг Кристијан Картер со кој моментално е во бракоразводна парница.
Но, како што признал во полициската станица во Мидлтаун, најмениот убиец се предомислил кога сфатил дека при ликвидацијата на Картер би биле загрозени и животите на неговите деца на возраст од 7 и 11 години.
Тогаш одлучил да оди во полиција. Шели најмила убиец бидејќи очајнички сакала да ја задржи куќата.
Истрагата покажала дека Шели Ен сакала нејзиниот сопруг да настрада во „сообраќајна несреќа“. Притоа, како што му рекла на убиецот, не се грижела многу за тоа дали во несреќата ќе настрадаат и неговите деца.
„Ова е сосема бизарен случај. Платените убијци вообичаено немаат совест. Добро е што овој се откажал од убиството. Како за Картер, така и за неговите деца бидејќи, очигледно, на неговата жена ѝ било сосема сеедно дали децата ќе настрадаат“, рекол полицискиот поручник Џим Канингем.
„Ова е нешто што не очекувате дека ќе ви се случи. Го гледате на телевизија или на филм, но мислите дека никогаш не може да ви се случи вам. Ме преплавија сите можни емоции кои можете да ги замислите: од бес до страв и збунетост“, рекол видно потресениот Кристијан Тони Картер, заблагодарувајќи му се на платениот убиец што се откажал од „договорената работа“.

Полицијата не ги открила мотивите на ова нарачано убиство, но пријателите и роднините на Картер велат дека Шели Ен очајнички сакала да ја задржи куќата во која живее и која ја сметала за куќа од соништата.
Судијата кој ја води бракоразводната парница на Картерови донел одлука дека мора да ја продадат својата нова куќа.
„Го купија земјиштето уште пред 11 години и лани конечно почнаа да ја градат таа куќа. Шели Ен одлучила да ја задржи таа куќа по секоја цена, но за среќа не успеа во тоа“, рекола пријателка на Картер, Ејми Вреј.
Шели Ен прв пат се сретнала со неименуваниот убиец на 16 септември и му платила 500 долари. Уште 500 долари и теренецот требала да му ги даде по завршената работа. По пријавата на убиецот, на 21 септември полицијата ја претресла куќата на Картерови пред да ги уапсат Шели Ен и Старк во ресторанот Медисон.
Поради заговор за убиство се обвинети и полубратот на Шели Ен, Кејси Фрајман (32) и неговата сопруга Сара (21), кои ја запознале Шели Ен со платениот убиец.

Target in a Middletown murder-for-hire plot thanks police and the would-be hitman. https://t.co/ujcmbWpKH8 pic.twitter.com/SeEpxjkRD8
— Local 12/WKRC-TV (@Local12) September 24, 2016
Дресерката на кучиња од Охајо му понудила на платениот убиец 1000 долари и автомобил за да го убие нејзиниот 44-годишен сопруг Кристијан Картер со

Пронајдете не на следниве мрежи: