ИЗНЕНАДУВАЊЕ! Знаете ли што се крие зад трите најголеми свадбени традиции?

Од фрлање на букетот, вадење на подвезиците, па до пренесување преку прагот – ова се случува на сите венчавки. Но, дали знаете од каде потекнуваат овие обичаи?1. На денот на венчавката младоженецот не смее да ја види невестата пред церемонијата
Во дамнешните времиња, кога повеќето бракови веќе биле договорени однапред, младенците се немале видено се до денот на венчавањето. Тогаш венчавањето симболизирало „деловен“ договор помеѓу двете семејства.
Родителите на младоженецот не му дозволувале да ја види невестата пред венчавката, бидејќи се плашеле дека тој може да се откаже од договорениот брак, ако не му се допаѓа невестата и тоа можело да доведе до голем срам.
2. Жената која ќе го фати букетот и мажот кој ќе ја фати подвезицата се следните кои ќе стапат во брак
Во средниот век, гостите по венчавањето ги следеле младенците до нивната соба и се обидувале да тргнат дел од велот на невестата, бидејќи се сметало дека тоа носи среќа. Така повеќето фустани често биле уништувани.
Поради тоа, младенците почнале да бараат алтернатива за оваа чудна традиција. Почнале да фрлаат букети и подвезици за добра среќа.
3. Младоженецот мора да ја пренесе невестата преку праг
Во древните култури постоело верување дека прагот на заедничкиот дом е место каде живеат зли духови, а ранливите невести биле предмет на нивните желби. Се верувало дека духовите можеле да влезат во невестата преку нејзините стапала.
Затоа младоженецот имал должност да ја пренесе невестата преку прагот за да го спречи тоа.1. На денот на венчавката младоженецот не смее да ја види невестата пред церемонијата
Во дамнешните времиња, кога повеќето

Пронајдете не на следниве мрежи: