Израел соопшти дека отворил оган на територијата на Сирија во неделата и дека ја уништил позицијата откаде со автоматска пушка било пукано на израелската војска од Голанската висорамнина.Засега не е познато дали Израел за нападот ги смета за одговорни сириските војници или бунтовниците.„Израелските сили ја уништија сириската позиција од која во два наврати беше пукано во изминатите 24 часа кон израелска патрола на окупираната територија“, напиша на Твитер портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Офир Генделман.За време на сириската граѓанска војна гранати во неколку наврати паднаа на територија која ја котролира Израел, а во некои инциденти беше возвратено.Израелската војска соопшти дека едно од нејзините возила било погодено во саботата навечер во пукотница преку израелско-сириската линија на примирје на Голанската висорамнина, но притоа немало повредени.По вториот инцидент во неделата израелските војници одговорија со прецизен огин на сириската позиција од каде се пукаше, наведува војската.
МакфаксИзраел соопшти дека отворил оган на територијата на Сирија во неделата и дека ја уништил позицијата откаде со ав