Изреволтираната сопруга на Драган Вучиќ застана во одбрана на своето семејство

Сопругата на Драган Вучиќ, Весна Вучиќ за прв пат јавно застана во одбрана на своето семејство и ги осуди сите невкусни шеги, особено на сметка на нејзиниот син Мартин, објавува Вечер. 
Последно што ја вознемирило и испровоцирало за да реагира се прашалниците за екстерното тестирање, кои деновиве кружат на социјалните мрежи каде во прашањата може да се заприметат шеги на сметка на познатите меѓу кои е и нејзиното семејство. 
Толку многу се растревожила од прашањата во кои се спомнуваат имињата на синот и сопругот, што одлучила за прв пат да и се обрати на јавноста, и тоа преку Фејсбук, каде меѓудругото ги искритикува шегаџиите и смета дека е крајно време да престанат со нивните “интелектуални шеги” и малограѓанштина.
“Имам потреба со вас да го споделам моето утринско кафе кое го пијам вознемирена и растревожена. Не можам да замислам до каде оди потребата да се потценува и навредува некој само затоа што работи макотрпно, за доброто на своето семејство. Какви се тие “интелектуалци” што се занимаваат со Драган В. и со син му. Со години се трудам да ги игнорирам грдите написи (последниве денови актуелни се екстерните испити и “прашањата” врзани со “сељакот Драган”, син му). Тие што пишуваат имаат ли семејства, ги воспитувал ли некој, или пак, воспитуваат ли тие некого? Жално и срамно…”, напиша Весна, која патем додала дека Драган е прекрасен сопруг кој се грижи за семејството, а Мартин е син кој со сопствена пот го стекнал сето она во кое ужива денес, а не со помош на мама и тато.Сопругата на Драган Вучиќ, Весна Вучиќ за прв пат јавно застана во одбрана на своето семејство и ги осуди сите невкусн

Пронајдете не на следниве мрежи: