Изведен е еден од НАЈСОФИСТИЦИРАНИТЕ хакерски напади врз САД

Руските хакери во последните месеци неколку пати провалиле во компјутерите на Стејт Департментот и украле важни податоци од Белата Куќа, изјавија претставници од администрацијата на Обама. Сѐ уште нема конкретни докази со кои би се потврдила вистинитоста на овие изјави.Од Белата Куќа беше потврдено дека дошло до сајбер напад, но дека хакерите стигнале до небитни податоци кои не се тајни и кои би можеле да предизвикаат минимална штета.
Сепак, овие напади предизвикале паника помеѓу вработените во Белата Куќа. Имено, хакерите дошле до деталниот распоред на активностите на Барак Обама. Иако таквите нешта не се тајни, тие се сепак чувствителни и исклучиво важни за странските разузнавачки агенции.
Во истрагата веднаш се вклучиле ЦИА и ФБИ, кои во најбрз можен рок би требало да го разоткријат најсофистицираниот хакерски напад кој некогаш бил изведен врз власта на САД.
Како и многу пати досега, хакерите го скриле трагите, па упадите ги пренасочиле на повеќе компјутери низ светот. Но, истражителите откриле некои кодови за кои веруваат дека ќе ги одведе до хакерите од Кремљ.
Како дојде до напад
Сѐ започнало со e-mail. Хакерите од серверот на Стејт Департментот пратиле мејлови во Белата Куќа и дошле до важни информации, со чија помош продолжиле понатаму да „копаат“ по приватните работи на Обама.
Директорот на американската заедница за разузнавање, Џејмс Клапер, уште во јануари предупредуваше дека би можело да дојде до вакво нешто.
„Кинезите неброено многу пати добија пристап до нашите системи. Како? Многу едноставно. Го сокрија својот идентитет, прашаа за пристап, а некој им го одбори сето тоа“.Од Белата Куќа беше потврдено дека дошло до сајбер напад, но дека хакерите стигнале до небитни податоци кои не се тајни и кои би можеле да предизви

Пронајдете не на следниве мрежи: