Шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство денеска ќе биде разгледан од пратениците кои членуваат во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.Специјалната обвинителка Катица Јанева минатата недела изјави дека е подготвена да го презентира вториот шестмесечен извештај пред Собранието на Република Македонија и пред Советот на јавни обвинители.
Јанева нагласи дека СЈО ќе продолжи со својата работа со цел граѓаните на РМ да ја дознаат виситната за тоа кој и на кој начин во периодот од 2008 до 2015 година извршил кривично дело поврзано и кое произлегува од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Таа апелираше Парламентот да ги донесе поднесените од нејзина страна измени на Законот за заштита на сведоци за да може СЈО да навлезе во сржта на предметите како што се „Мартин Нешковски“, „Монструм“ и „Сопот“.
Во извештајот на СЈО меѓу другото стои дека се реализирани 28,75 отсто од буџетот на ова Јавно обвинителство за 2016 година, а особено, како што се наведува, за истакнување се отворените четири истраги против 40 лица и поднесените две обвинителни предлози против вкупно 21 лице, како и преземените бројни дејствија.
Во извештајот се наведува дека од 1 април годинава во СЈО се примени вкупно 34 лица кои се вработени во јавнообвинителската служба, како и лица кои вршат помошни и технички работи. Со договор на дело ангажирани се три лица така што тимот на ова Јавно обвинителство, вклучувајќи го и обвинителскиот тим и истражителите, во моментот брои 74 лица.
– Во извештајниот период интензивно се работи на преслушување и обработка на доставените материјали и заклучно со 15 септември во процес на обработка се 55.250 аудио фајлови односно 12 отсто од вкупно доставените аудио фајлови. Утврдената динамика на преслушување и обработка на материјалите ќе продолжи и во претстојниот период, информира СЈО во извештајот.
Поднесени се вкупно 901 барање согласно член 287 од Законот за кривична постапка, 36 наредби по член 284 од Законот за кривична постапка, изготвени се вкупно 324 записници за сослушување лица, од кои 264 за сослушани сведоци и 60 за осомничени лица, два предлога за одземање на предмети, 27 барања за заштита на законитоста и поднесени се шест замолници за меѓународна правна помош.Специјалната обвинителка Катица Јанева минатата недела изјави дека е подготвена да го презентира вториот шестмесечен извештај пред Собранието на Ре