-Викна „Ку*во, нема да живееш“ и тогаш уследи првиот рафал – вака ја почнува својата прказна за синоќешното масовно убиство во Житиште, Исидор Суќевиќ, еден од хероите кој скокнал да му го одземе оружјето на убиецот и со тоа спречи да има повеќе жртви.Според неговите зборови, синоќа дошол во кафулето како испомош кај најдобриот другар кој воедно е и газда на локалот, а како што вели убиецот го знаел од претходно.
-Ми пријде, се ракувавме. После кратко време се врати. Изгледаше како да ги плаши луѓето кога почна да пука. Во почетокот луѓето не ни врескаа, само паѓаа. Не можам да ви ја опишам сцената – рекол видно потресениот Исидор.
Како што вели овој херој, сѐ било како на филм.
-Застана меѓу фрижидерот и дрвото и оттаму почна да пука. Ми уби двајца другари. Мене покојниот Стеван и Владимир ми беа другари од детството, денеска требаше да одиме да печеме прасе – зборува во неверница овој човек.
-Убиецот застана покрај мене, а јас после првиот рафал, колку што можев го повлеков со раката и тој ја испушти пушката. Не знам дали го испука целиот рафал, но откако ја испушти пушката, се сврте и почна да бега – додал потресениот Исидор.Според неговите зборови, синоќа дошол во кафулето како испомош кај најдобриот другар кој воедно е и газда на локалот, а како што вели убиецот го зн