Во периодот 19-21 март во Сибиу, Романија традиционално се одржа „Светскиот балетски натпревар 2015“.На натпреварот земаа учество ученици и професионални играчи од 9 до 26 години поделени во четири категории. На овогодинешниот натпревар учествуваа околу 200 учесници од Јапонија, Кореа, Австралија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Шведска, Полска, земјите од регионот Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, секако земјата домаќин Романија, но и Македонија. Меѓу учесниците беа и две ученички од основното и една од средното балетско учишите ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје од класата на проф. Соња Здравкова Џепароска. Натпреварот го оценуваше жири составенo од реномирани балетски уметници и уметнички директори на балетски компании од Русија, Куба, САД, Порторико, Германија, Кореа, ЈАР, Србија, Хрватска и Романија. Македонскиот балет за прв пат зема учество на овој натпревар и поради тоа за нашите учесници беше поттик повеќе да го дадат својот максимум. Во пред-професионалната група која вклучуваше учесници од 14-17 години, со учество на 46 кандидати македонските претставнички Виолета Карајанова и Мартина Димовска се пласираа високо во однос на рангираните кандидати, што е исклучителен успех со оглед на бројот на учесници и нивниот квалитет.
Најзабележителен успех, кој е воедно и највисок пласман во историјата на досегашните учества на големите, светски референтни професионални балетски натпревари забележа Стефанија Гаштарска. Таа го доби сребрениот медал и беше поканета од американските организатори на балетскиот натпревар во Орландо, САД. Со само тринаесет години малата Стефанија блесна на сцената и ги одушеви судиите кои и дадоа најголем број на поени во нејзината натпреварувачка група. Тука не заврши успехот на Стефанија Гаштарска, таа зема учествуво на натпреварот за гран при награда, каде што партиципираа осум натпреварувачи од сите групи и категории на натпреварот кои имаа добиено најголем број на поени. По овој настап уследи поканата за натпреварот во САД кој треба да се одржи во јуни оваа година. Таа како претставник на Македонија учествуваше на завршниот гала концерт на кој играше покрај ѕвездите Адајерис Алмеда првенка на Бостонскиот балет, како и интернационалните ѕвезди Дину Тамазлакару, Ариан Лафита, Ада Гонзалез, Сена Хидака и др.
Со професионалната презентација на македонските претставници и особено со повеќекратниот успехот на Стефанија Гаштарска се потврдува квалитетот на нашата балетска едукација која како што истакнува проф. Соња Здравкова Џепароска е резултат на талентот, макотрпната и посветена работа и добро водениот процес на подготовка. Овој успех е само мотив за сите понатамошни предизвици кои стојат пред Гаштарска, но и пред другите ученици од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ кој е едниствена професионална едукативна институција од овој вид во државата. Во реализација на патувањето поддршка даде и Министерството за култура на Р. Македонија кое го препозна извонредниот талент на Стефанија Гаштарска и и овозможи учество на овој реномиран натпревар од светски ранг. Секако следната станица во патувањето на младата балетска ѕвезда е Орландо, САД каде што и посакуваме најмалку да го повтори резултатот постигнат во Романија, достојно да ја презентира македонскат култура и се надеваме дека повторно ќе не израдува.На натпреварот земаа учество ученици и професионални играчи од 9 до 26 години поделени во четири категории. На овогодинешниот натпревар у