Во депресија е и постојано плаче. Не може да поверува во што му се претвори животот, изјави извор близок до 52-годишниот Бред Пит. Бред наводно многу тешко ја поднесува новонастанатата ситуација и секој ден им се јавува на родителите.„Децата се единственото нешто што му е важно во моментов. Тој наоѓа утеха во разговорите со родителите и со пријателите, а најмногу со мајка му со која се слуша секој ден“, додава изворот.
Родителите на Бред, Џејн и Бил, живеат во Мисури. Бред има и брат, 50-годишниот Даг, како и 47-годишната сестра Џули.
Анџелина го предаде барањето за развод од Пит пред точно две недели, по инцидентот во приватниот авион во кој актерот наводно го нападнал својот 15-годишен син Медокс.
Ѕвездениот пар успеал да се договори старателството над децата до 15 октомври да го има Анџелина. За тоа време, Бред ќе оди на терапија, а под надзор на терапевт ќе бидат и децата. Целото семејство ќе оди на советување заедно, но и индивидуално.
Анџелина во моментов живее во изнајмената вила во Малибу, додека пак Бред остана на заедничкиот имот во Холивуд Хилс.„Децата се единственото нешто што му е важно во моментов. Тој наоѓа утеха во разговорите со родителите и со пријателите, а најмногу со мајка