Вчера /10.12.2014 година, среда/ во кугланата “Мусандра” во ГТЦ-Скопје, се одржа официјална ждрепка за редоследот на натпреварувачи за настап на Државното поединечно првенство за сениори и јуниори за 2014 година.Првенството ќе се одржи на 13 и 14 декември (сабота и недела), каде на 13.12.2014 година натпреварувањето ќе се одржи во кугланата во СЦ “Борис Трајковски”, додека на 14.12.2014 година во кугланата “Мусандра” во ГТЦ. И во двата денови натпреварите ќе започнат во 10 часот.
На државното првенство се пријавија вкупно 32 натпреварувачи во машка и 9 во женска конкуренција.
Натпреварувањето ќе се одвива во две серии по 120 кугли, за победник ќе биде оној којшто во двата дена ќе собори повеќе дрва – спрема техничкиот правилник на КФМ.
Резултатот на јуниорите(ките) се смета и за сениорска конкуренција, а право на настап имаа сите регистрирани играчи за 2014 година.
Победникот на Државното поединечно првенство за сениори и јуниори за 2014 година ќе ја претставува Македонија на Светскиот куп во куглање.Првенството ќе се одржи на 13 и 14 декември (сабота и недела), каде на 13.12.2014 година натпреварувањето ќе се одржи во кугланата во СЦ