Белгиската полиција го откри идентитетот на лицето што денеска со нож избоде двајца полицајци во проблематичната бриселска населба Скарбек, инцидент кој федералното обвинителство го означи како „потенцијален терористички напад“, јави дописникот на МИА од Брисел.Се работи за 43-годишниот Хишам Д. од Белгија, познат исламист и поранешен професионален војник на Кралството Белгија, кој веќе се наоѓа во притвор.
Обвинетиот денеска на пладне во близина на спортскиот центар „Кинетикс“ во Брисел, со т.н. швајцарски џепен нож, ги нападал двајцата униформирани припадници на белгијското Министерство за внатрешни работи, при што едниот го повредил во стомакот, а другиот во вратот. И двајцата полицајци се пренесени во болница и се надвор од животна опасност.
По овој напад, интервенирало друго полициско возило, при што при обидот за апсење, Хишам Д. нападнал и со раце изудирал жена-полицајка, на која и го скршил носот, пред да биде застрелан во нога од нејзините колеги, а потоа и приведен. Според федералното обвинителство, постои причина да се верува дека нападот над полицајците во Скарбек е терористички напад.
Портпаролот на обвинителството, Ерик Ван дер Сипт, потврди за националниот телевизиски сервис „РТБФ“ дека се работи за „потенцијални терористички напад насочен против полициските службеници“. Од обвинителството, попладнево соопштија и дека Хишам Д. до 2009 година работел во Армијата на Кралството Белгија, а бил познат и на органите на прогонот како извршител на криминалани дејствија, но и како лице поврзано со т.н. борци во терористичката ИСИЛ во Сирија, јави националната франкофонска телевизија „РТБФ“.
Министерот за внатрешни работи на Белгија, Јан Јамбон, изјави дека федералното обвинителство прави истраги за да утврди дали извршителот на денешнито напад имал поврзаност со терористички организации, но дека од претходно има податоци за негова вмешаност во такви групи. А, запрашан дали е зголемено нивото на безбедност во државата и дали има опасност по безбедноста на полицијата, првиот полицаец на Белгија со одговор:
– Телото за проценка на закани по безбедноста (ОЦАМ) ги прави вообичаените проценки. Но, познато е дека веќе сме на Трето ниво на закана од опасност од тероризам и сега мора да ги видиме резултатите од истрагата на обвинителството, за да одлучиме дали ќе го кренеме нивото истакна министерот Јамбон.
Како што е познато, нивото на безбедност во Белгија е се уште на високиот Трет степен, откако на 22 март годинав, а во два поврзани терористички напади на националниот аеродром Завентем и во бриселското метро, со саморазнесување на три бомбашисамоубијци настрадаа 32 лица, а повеќе од 300 беа повредени. Оттогаш, белгиските безбедносни органи вршат „чешлање“ на проблематичните бриселски населби Моленбек СенЖан, Скарбек и Форест, од каде потекнуваа терористите што ги извршија крвавите напади оваа пролет.Се работи за 43-годишниот Хишам Д. од Белгија, познат исламист и поранешен професионален војник на Кралството Белгија, кој веќе се наоѓа во пр