Едно од полуфиналињата од групите Д во лигата на нации ќе се игра во Скопје, а ќе ни гостува Косово. Дуелот закажан за во март 2020 уште отсега ги разгоре страстите, зашто мечот многу повеќе ќе добие политичка конотација во односот на Македонците и Албанците, отколку во спортска борба на два соседи на патот кон историски настап на еден континентален шампионат.
Одамна е позната навивачката нетрпеливост на Македонците и Албанците во домашниот фудбал, голема е нетрпеливоста и во поголем број на секојдневни случувања, па најголемиот дел нормално очекуваа длабока поделеност и за најважниот меч за двете земји – Македонците да си навиваат за Македонија, а Албанците за Косово.
Откако Косово на спектакуларен начин со 4-0 го победи Азербејџан и закажа пресметка со Македонија во полуфиналето, многу македонски Албанци, помалку и изненадувачки, објавија за кого ќе навиваат и тоа е – Македонија.
„Какво Косово, јас сум Албанец, но ќе си навивам за Македонија”, пишува еден Албанец во коментари. „Ќе се навива за Македонија! Не ги мешајте Хасани, Алиоски, Пандев, играчите доаѓаат и си одат, репрезентацијата останува. Немојте да нè делите”, пишува друг.
Извор: булевар.мк