Неодамна, се појави интересна теорија која се интересирала за тоа зошто единствените роднини на Хари Потер, неговиот вујко Вернон, тетката Петуниа, и братучедот Дадли, не го сакале и го третирале како ѓубре. Теоријата е дека Хари бил хоркрукс, што ги прави луѓето да се чувствуваат лути и негативни, продолженото изложување го свртело неговото семејство против него. Но Ј.К. Ролинг всушност напишала теорија за Дарслиеви и има дефинитивана причина зошто тие не го сакаат: неговите родители.
Фановите на серијата Хари Потер знаат дека сестрите Петунија и Лили, мајката на Хари, имале затегнати односи поради маѓиските моќи. И додека дознавме за романсата на Лили и Џејмс Потер, не дознавме многу за Петунија и Вернон. Ролинг навлегува во детали за тоа, како започнало се на работното место и како „тој никогаш не би можел да се воздржи од тоа дека има фрик сестра“. Како и да е, двојките си дале период за проба, но се завршило кога Ворен претпоставил дека волшебниците се куп сиромашни луѓе кои живеат од владина поддршка. Џејмс тврдел дека имал голема количина чисто злато, но Ворен се почувствувал дека го залажува. Тој и Петунија ги напуштиле и никогаш повеќе не прозбореле со Лили и Џејмс.
Нивната последна средба пред Лили и Џејмс да бидат убиени било раѓањето на Хари. Ролинг објасува дека Вернон го мрази Хари поради истата причина како и Северус Снајп- Хари толку многу го потсетувал на Џејмс што тој едвај издржувал да го гледа.
Значи тоа е тоа, дирекно од главата на авторот. Немало ништо со хоркрукс, што и онака фановите не го прифатија.
Извор: uproxx.comТеоријата е дека Хари бил хоркрукс, што ги прави луѓето да се чувствуваат лути и негативни, продолженото изложување го свртело неговото семејство п