Мирјам Дукре Лемеј се вљубила само неколку дена пред да почине, а токму бакнежот од нејзиното ново момче бил фатален, иако тој немал никаква намера да ја повреди.Миријам (21), од Монтреал умрела поради бурна алергиска реакција на кикиритки. Нејзиното ново момче, во чиј стан ја поминала ноќта, изело сендвич со путер од кикиритки, а потоа се вратил во кревет и ја бакнал Миријам.
Момчето не ѝ кажало на Миријам што јадело, ниту таа го прашала. Тој не знаел на што е алергична.
-За жал, Миријам немаше време да му каже на што е алергична – изјавила нејзината мајка Мишелин Дукре.
Набргу по фаталниот бакнеж, Миријам доживела бурна алергиска реакција. Момчето повикало итна помош во истиот момент, но иако стигнале само неколку минути подоцна, за Миријам било предоцна. Пренесена била во болница, но лекарите не можеле ништо да направат. Само неколку дена пред трагедијата, Миријам ѝ се доверила на мајка си дека е вљубена.
-Првпат така ѝ светеа очите – изјави Мишелин.
За смртта на својата ќерка, која починала во 2012 година, Мишелин одлучила да проговори дури сега за да укаже на опасноста која ја носат алергиите. Мајката на несреќната девојка изјави дека нејзината ќерка таа кобна ноќ не носела со себе адреналинска инјекција која би можела да ѝ го спаси животот.
-Да имала епипен и денеска ќе беше жива, изјави Мишелин и ги повика сите кои имаат сличен проблем како нејзината ќерка да ги преземат сите мерка за претпазливост и да носат со себе епипен за секој случај.
Трагите на алергенот можат се задржат во плунката и до четири часа по консумирањето на храната која ги содржи, и поради тоа е важно лицата кои имаат алергија на некој вид храна да го известат опкружувањето и да ги упатат како да им помогнат доколку доживеат алергиска реакција.Миријам (21), од Монтреал умрела поради бурна алергиска реакција на кикиритки. Нејзиното ново момче, во чиј стан ја поминала ноќта, изело сендвич с