Откако знае за себе Џонатан Хасбенд чувствувал дека нешто не е во ред со неговото детство…Неговиот татко Боб бил дистанциран од него и секогаш покажувал повеќе љубов спрема другите деца…
Кога имал 12 години татко му го прекорил и го пратил во соба под казна но дедо му му кажал дека Боб всушност не е неговиот вистински татко.
„Мислам дека всушност тоа беше начинот да му каже поради што тој спрема мене се однесува сурово. Но и понатаму бев незрел за да размислувам на тој смер- кажува Хасбенд.
Неговата мајка никогаш не сакала да зборува на оваа тема…
Сепак во 2007 година кога неговата мајка била во средните осумдесетти години пред нејзината смрт му ја признала на синот ужасната вистина…
Џонатан навистина имал друг татко кој ја уништил и и ја одземал на сила невиноста на неговата мајка. Ја силувал кога имала 20 години во текот на Втората светска војна.
Исфрлена од нејзините родители Мери сама се борела низ животот трудејќи се да го заштити синот од вистината за да може да му оствари среќен живот и да може да основа семејство.
И се восхитувам на мојата мајка на храброста. Среќен сум.Го ценам сето тоа низ што поминала мојата мајка за да имам нормален живот.
Да сум знаел порано дека сум бил производ на силување мојата иднина најверојатно би била поинаква. Тоа беше нејзина тајна со која се борела 65 години и која на многу начини и го уништи животот- кажува Џонатан.
Сепак Мери доживеала да го види својот син да ги исполни соништата која таа за него ги имала. Тој бил среќно оженет повеќе од 40 години додека сопругата не му починала од рак на белите дробови пред неколку години.
Кога ќе погледнам кон мојот среќен живот си помислувам- „Мамо тоа е се поради тебе“. – кажува Џонатан. Неговиот татко Боб бил дистанциран од него и секогаш покажувал повеќе љубов спрема другите деца…
Кога имал 12 години татко му го прекорил



