Jа добија власта, а сега не знаат за што се и што да прават

ВМРО-ДПМНЕ има конзистентен став за разлика од СДСМ и некогашните НВО, кои сега се испостави на владата на Заев. организации кои што велат сега, а друго планираат за 5 години или во другите политички партии каде што некој нешто ќе изјави, па потоа треба да се оградува па другите треба да речат не мислевме така и слично, изјави во Топ Тема на Телма телевизија пратеникот Влатко Ѓорчев.Ѓорчев  нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има  став кој што е поддржан огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија, а тоа е дека бракот е заедница помеѓу еден маж и една жена, а дека децата без родители треба да ги посвојуваат семејства во кои што има и мајка и татко, сопруг и сопруга, маж и жена или самохрани родители.
Тој став на ВМРО-ДПМНЕ е конзистентен, доследен и постојан, а поддржан е од огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија, едно големо молчаливото мнозинство во оваа држава. Истовремено, никого не сакаме да дискриминираме, ниту треба да има говор на омраза спрема било кого, ниту било кој треба да биде стигматизиран или маргинализиран, додаде Ѓорчев.
Според Ѓорчев ние живееме во инклузивно општество, кое што треба да дава еднакви можности и општество во кое што треба да имаме цивилизирани дебати, цивилност во однесувањето и без да се лепат етикети ниту од едната страна, затоа што гледаме дека овие денови од рамките на коалицијата внатре во СДСМ, во рамките на коалицијата на самата Шарена Револуција  имаме два силни антипода кои што се прилично спротивставени.
Тој истакна  дека внатре во СДСМ самите треба да расчистат на што се и каде се и дека не е проблемот во дебата со ВМРО-ДПМНЕ, туку  имаме ситуација  каде што вториот човек во СДСМ, актуелен потпретседател на СДСМ излегува со говор и со епитети и со кажувања спрема ЛГБТ заедницата што е неадекватен.
Истовремено, поголем број на луѓе блиски до СДСМ и до „Шарената револуција“ тргнаа во кампања против сите муслимански верници, со навреди, вклучувајќи и навреди до сите муслиманки кои носат марама. Тоа не е во ред, тие се наши сограѓанки, кои заслужуваат љубезност и почит.Ѓорчев  нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има  став кој што е поддржан огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија, а тоа е дека бракот

Пронајдете не на следниве мрежи: