За овој руски татко поимот татковство подразбира многу повеќе, вклучувајќи и емоционална поддршка во ситуации кога би посакале да реагирате на негативен начин.- Едно утро слегов по скалите и ја видов мојата 17-годишна ќерка како спие на кауч во друштво на момче после заеднички помината ноќ – ја започнува својата исповед еден татко од Русија на интернет страницата Реддит.
– Тивко им подготвив доручек, ја известив сопругата, помладата ќерка и синот дека имаме гостин, а потоа на цел глас извикав: „Момче, доручекот е готов. Никогаш не сум видел некој толку брзо да се пробуди – пишува овој руски татко.
И покрај се, овој татко одлучил да седне со дечкото на ќерката, да јаде доручек и да поразговара.
– Тој е пријателски настроен дечко. Очигледно необразован, но не глупав. Имаше нешто чудно во врска со него. Мојата ќерка ме убеди дека е многу љубезен и внимателен. Во тој момент го знаеше околу месец дена. Секој ден доаѓаше по неа со мотор за да ја однесе на школо, но повеќе никогаш не преноќи – вели таткото.
– Ми кажа дека нема семејство, образование и постојана работа. Мојата ќерка го обожава. Тој ја обожава неа. Се запрашав: кој сум јас да ги спречам?
Момчето навистина било добро, ја поттикнувало девојката да ги пишува задачите на време, се грижело за неа кога била болна, стрпливо и` се додворувал кога била лошо расположена…
Отприлика осум месеци подоцна семејството дознало дека момчето всушност е бездомник. Неговиот татко се самоубил, а неговата мајка наркоман побегнала неколку недели подоцна. Тогаш имал 15 години. Три години преживувал на улица, спиејќи кај пријатели, работејќи градежни работи.
– Го знам дечкото стар 18 или 19 години кој е пристоен, доаѓа дома насмеан и таков си заминува. Го познавам дечкото кој се грижи, кој помага без да побарам помош, кој го прави моето дете среќно. Тоа е дете кое никогаш немало можност да биде дете.
Кога со новата фамилија ги споделил своите сознанија, сите заплакале. Семејството во еден момент било разочарано од својата ќерка која цело време ја знаела оваа приказна, но не сакала да ја сподели со родителите.
– Следниот ден му дадов клуч од нашата куќа. Му реков дека го очекувам секој ден. Преуредивме соба само за него и му овозможивме да се школува. Тоа беше 2000-та година. Денес мојот пронајден син и мојата ќерка имаат многу успешна заедничка работа, и ми подарија три прекрасни внуци – раскажува овој татко.- Едно утро слегов по скалите и ја видов мојата 17-годишна ќерка како спие на кауч во друштво на момче после заеднички помината ноќ – ја започнува