Цел Орегон се потресе од сознанието дека петгодишната Лили, Меј Счоу ја изгуби битката со ракот која траела три години.Семејството, пријателите и луѓето со големо срце пред месец дена на пет годишното девојче му приредија роденден кој не се заборава.
Тоа била роденденска прослава, матурска вечер, венчавка, бал и уште многу.
Инаку, на Лили Меј ѝ бил дијагностициран посебен вид рак на коскената срж пред три години.
Кога докторите рекле дека телото е преслабо и дека нема да победи во оваа борба, семејството и пријателите се потрудиле да ѝ го разубават остатокот од животот.
После роденденот, поминале недела дена на хаваите, прогласена е за принцеза на градот, но имала уште една желба- да заигра со пејачот Лук Брајан.
„Таа одсекогаш го сакаше, кога и да ја слушнеше неговата песна, таа играше“, вели нејзината мајка.
„Нејзината омилена песна беше „That’s My Kind of Night“, а кога би била со него на сцена додека ја изведува таа песна, дефинитивно сите желби би ѝ се исполниле“.
Кога Брајан слушнал за тоа решил да ја оствари оваа желба на малото девојче. Снимил специјално видео за Лили, ѝ пратил ВИП карти, дури и сакал да ја отпее нејзината омилена песна.
Но, лили сепак не можела да ја оствари својата последна желба- завршила во болница поради крварење во мозокот, а набрзо потоа починала.
По смртта на Лили, нејзината мајка објавила фотографии од нивното патување. Насмевка, сјај во очите, убавината на на ова мало девојче натерала милиони луѓе да заплачат.Семејството, пријателите и луѓето со големо срце пред месец дена на пет годишното девојче му приредија роденден кој не се заборава.
Тоа бил


