Ја изгуби борбата со животот: Тој умира а татко му му пее песна

Човекот чија жена починала по породувањето, одлучлил да му испее песничка на синот кој бил на умирање, кога веќе не можел да му помогне на поинаков начин. Видеото во кое музичарот Крис Пико му ја пее на синот Ленон Џејмс песната „Blackbird“ од Битлси погоди многумина кога го погленале на Јутуб.Бебето е родено во февруари годинава, а сопругата на Крис, Ешли умрела неколку дена по породувањето. Починала мирно, во сон, а причината за смртта се уште не е позната.
Ленон е роден со царски рез во 24-та недела од бременоста, тежок само 910 грама. „Од тогаш се бори за живот“, напишал Крис на интернет страната посветена за собирање средства за медицинските трошоци за нега на бебиња.

За време на бременоста Ешли почувствувала дека Ленон најчесто се движи слушајќи музика, па така Крис оваа недела донел гитара во болницата и направил мал концерт за синот. Постоела само минимална надеж дека Ленон ќе преживее, а докторите биле загрижени поради тоа што малку се движи и немаизразена мозочна активност.
Бебето починало во рацете на Крис во вторникот, а тој на Фејсбук објавил пост во кој Ленон го нарекува „свој мал борец“.

„Драги пријатели, семејство и сите кои ми помогнавте, со тешко срце морам да ви го напишам ова. Мојот мал борец, Ленон Џејмс Пико заспа вчера во рацете на својот татко. Беше опкружен од семејството, пријателите и најдобрите доктори, сестри. Беше облечен во облеката која ја купи Еши за него, со мали гитари на себе и завиткан во ќебе кое го направи наш драг пријател. Благодарен сум за сите незаборавни денови кои ги поминав со него. Неговата мајка би била пресреќна да можеше да го види и да може да го држи, бања, да му пее“, напишал Крис на Фејсбук.
Погледнете го видеото.
Бебето е родено во февруари годинава, а сопругата на Крис, Ешли умрела неколку дена по породувањето. Починала мирно, во сон, а причината за смртта

Пронајдете не на следниве мрежи: