Отсуството на единствена законска регулатива што би ја уредувала проблематиката на употребата на Интернетот на меѓународно ниво и огромното влијание на Интернетот врз сите сфери на живеењето, отвора се повеќе прашања околу неговата употреба и злоупотреба. Оттаму се наметнува потребата за регулација на проблематиката со соодветни закони.Тоа е темата на расправа на третата по ред Конференција за управување со Интернетот кај државите на Југоисточна Европа (СЕЕДИГ) што од денеска се одржува во Охрид.
– Бидејќи не постои некој што го управува Интернетот, не постои интернет-закон, постои само обид на различни нивоа на различни земји, со пристап што е широко отворен, транспарентен и консултативен, да се разгледуваат најдобрите практики во земјите како се справуваат со проблематиката и нејзина регулација во својата легислатива, појасни министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска – Томовска.
Додаде дека се работи за динамична материја која бара постојано следење на технолошките можности што ги нуди Интернетот, а бидејќи засега огромен дел од сите сфери на оштеството, неизбежно како потреба се наметнува некаква легислатива што би се однесувала на употребата на Интернетот, наместо парцијални решенија за одредени конкретни области.
– Како секоја земја напредува во прифаќањето на технологијата, така излегуваат нови потреби за нешто дополнително да се регулира, постои потреба многу работи да се уредуваат. Ова што ние работиме, живееме и се однесуваме во реалниот свет, во виртуелниот свет оној на Интернетот исто така треба да биде обзбеден со некаква регулација, рече таа.
Проблематиката на употребата и злоупотребата на Интернетот е вонгранична категорија, што ги засега сите држави.
– Регулаторната рамка и законската регулатива што се однесува на Интернетот во државите во регионот е во некаква почетна фаза. За жал, се наоѓаме на самиот почеток кога станува збор за заштита на населението во областа на Интернетот. Се надеваме дека наскоро ќе имаме некакви решенија од надлежните институции во насока на определување правна рамка или соодветна регулатива што би ја уредила проблематиката на употребата на Интернетот, истакна Предраг Ковач, генерален директор на Регулаторната агенција за комуникации на БиХ.
Во Босна и Херцеговина Интернетот е прогласен за јавно место, што им овозможува на безбедносните служби да реагираат и да покренуваат соодветни мерки за заштита на корисниците од злоупотреби.
Иницијативата за управување со Интернетот кај државите од поширокиот простор на Југоисточна Европа (СЕЕДИГ), призната од Обединетите нации само по себе не е тело што донесува одлуки, но претставува отворен инклузивен и транспарентен начин за собирање идеи, размисли, поставување нови проблеми и теми кои ја засегаат областа.
– Она што ќе произлезе од дискусиите тука во Охрид ќе биде сумирано во пораки што ќе го креираат ставот на државите од регионот, односно тоа ќе биде нивната официјална позиција по односната проблематика пред паневропските и глобалните тела што ја упредуваат областа на електронските комуникации, истакна Сорина Телеану, од извршниот комитет на СЕЕДИГ.Тоа е темата на расправа на третата по ред Конференција за управување со Интернетот кај државите на Југоисточна Европа (СЕЕДИГ) што од денеска се о