Ја киднапирале и присилно ја омажиле за роднина во Сирија

Кога имала тринаесет години, Раниа Фарах била коднапирана од нејзиниот татко и брат додека била на патување во Египет. Ја одвеле во Дамаск и ја присилиле да се омажи за роднина. За среќа побегнала.Австралијанката Ранија Фарах имала само 13 години кога ја киднапирале нејзините татко и брат, ја мачеле и присилиле на брак со постара роднина од Сирија. Агонијата траела пет години, а сето тоа почнало кога требало да тргне на патување во Египет каде многу сакала да ги види пирамидите.
Ранија раскажала како планирала да изврши самоубиство доколку не успее да побегне до осумнаесетиот роденден.
Ја омажиле за роднина кој никогаш не го видела
Ќерката на Сириецот и Австралијанката била присилно омажена за роднина кој никогаш порано не го видела. Била киднапирана во Египет и потоа одведена во Дамаск каде била претепана. Нејзината мајка, која го напуштила нејзиниот татко пред 20 години поради насилно однесување, знаела за нејзиното киднапирање, но во телефонските разговори ја уверуваја дека не може да ја врати во Австралија.
По доаѓањето во Дамаск, Ранија била подложена на преглед за невиност, бидејќи нејзиниот татко сметал дека Раниа била под лошо влијание бидејќи во седмо одделение почнала да пуши цигари и да зборува со момчиња. И покрај тоа што тестовите покажале дека е девица, таткото и братот ја претепале.
Додека била во заробеништво, живеела по семејните правила во Сирија, но цело време планирала бегство во Австралија. Одела дури во исламско училиште каде учела арапски јазик.
„Правев се што бараа, се молев и постев во текот на Рамазан“, рекла Раниа.
Се омажила за роднина кој имал 30 години. Никогаш не разговарала со него, ниту го погледнала во очи.

Соседот и амбасадата и помогнале да избега
Со помош на соседот кој бил на иста возраст со неа, успеала да стапи во контакт со австралиската амбасада. Бидејќи имала 18 години, била полнолетна, можеле да и пружат законска помош. И рекле да дојде во хотеот Four Sesons и дека таму ќе ја чека една жена. Таа вечер се искрала од домот по вечерната молитва и со такси отишла до хотелот.
Се нашла со жената и со придружба од два телохранители стигнала до јорданската граница каде ја испратиле и пуштиле да се врати во Австралија. Рекла дека со семејството никогаш не зборувала за времето поминто во Сирија. Сеуште живее во страв дека татко и ќе ја најде, и зата барала забрана за пристап.Австралијанката Ранија Фарах имала само 13 години кога ја киднапирале нејзините татко и брат, ја мачеле и присилиле на брак со постара роднина од С

Пронајдете не на следниве мрежи: