ЈА КОЧАТ СЕДНИЦАТА НА ДИК: СДСМ се запна за 282 прашалници

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ побара да не се создава непотребна фама и дека се работи за реални луѓе, а не за измислени ликови.Мачно оди седницата на Државната изборна комисија, на која се расправа за извештајот од теренската, од вкрстените и од административните проверки. По презентацијата од проверката по подрачните единици беше утврдено дека физички недостигаат 282 прашалници при внесувањето во електронска форма.
СДСМ на тоа имаше забелешки, на што останатите членови на Комисијата не се сложија. Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ побара да не се создава непотребна фама и дека се работи за реални луѓе, а не за измислени ликови.
– Да не создаваме недоверба кон еден процес – истакна Бонева.
Со тоа се сложи и Сашо Срцев, кој вели дека е горд што успеале да ја спроведат оваа теренска проверка, иако тие не се пописна комисија. Комисијата сепак ја изгласа оваа точка, како и тоа дека овие 282 прашалници дополнително ќе бидат проверени. Седницата на Комисијата сè уште е во тек.Мачно оди седницата на Државната изборна комисија, на која се расправа за извештајот од теренската, од вкрстените и од административните проверки.&

Пронајдете не на следниве мрежи: