Шарени бои на косата, специјалното шишање и цртањето по темето отвори сосем нова ера кога станува збор за фризурите и стиловите.Ја нападнаа заради тоа што го направи со косата на својата 6-годишна ќерка, но таа им ги затвори устите на сите.
Сина, зелена, виолетова и слични бои, до некаде незамисливи на нашите глави, станаа вистински хит.
Токму ваква фризура посака и Лира, 6-годишната ќерка на фризерката Мери Томастон од Флорида. Иако се обидела да ја одврати од идејата, Мери на крајот се согласила и и ја исполнила желбата.
Користела природни, привремени бои кои не ја уништуваат косата и ја ишишала од едната страна на главата. Тоа место го обоила во три бои, а кој бил крајниот резултат? Пресреќно девојче и многу коментари на социјалните мрежи.
Иако многумина ја нападнаа бидејќи се „осмелила“ да и направи ваква фризура и да и ја обои косата на девојче од само 6 години, Мери не се покајала за постапката.
На Инстаграм објавила фотографија од пресреќното девојче, а на негативните коментари одговорила вака:
„И реков на ќерката дека ќе и ја обојам косата само ако училиштето во кое оди тоа дозволува. Тие немаа ништо против и Лира доби нова фризура. Не грижете се луѓе, детето не е повредено, ништо не и се случи. Тоа е само коса, боите се привремени и природни. Лира долго време сакаше да ме убеди да и ја обојам косата како сирена и сега е пресреќна“.
На коментарот дали девојчето е премлада за боење на косата, Мери одговори:
„Дали навистина е така? Кога возрасна жена ќе ја обои косата вака, тогаш ја гледате и коментирате дека тоа е детско. Пуштете ги децата да уживаат во фризурите што ги сакаат, којзнае на какво работно место ќе завршат кога ќе пораснат и дали некој друг ќе им го диктира дрес кодот, како да изгледаат и како да се облекуваат. Сега е совршено време да експериментираат со природни бои за коса и да уживаат во тоа“.
Бројни се и позитивните коментари кои ја дадоа поддршката на оваа мајка, бидејќи „девојчето изгледа прекрасно, а насмевката на нејзинито лице по ова е непроценлива.Ја нападнаа заради тоа што го направи со косата на својата 6-годишна ќерка, но таа им ги затвори устите на сите.
Сина, зелена, виолетова и