Ја напишал сопствената посмртница: Воедно НАСМЕА И ТРОГНА многумина!

Арон Џозеф Пурморт почина од рак на мозокот кога имаше 35 години. Неговиот силен дух и љубовта кон сопругата и синот е видлива и во „посмртницата“ која ја составил пред смртта.Посмртница
„Арон Џозеф Пурморт почина мирно во својот дом на 35-годишна возраст, на 25 ноември, по компликациите кои настанаа по каснувањето од радиоактивен пајак кој резултираше со долгогодишна криминална борба против злонамерниот сторител – ракот, кој во нашето општество се наоѓа веќе подолго време…
Цивилите најдобро ќе го познаваат како Спајдермен и ќе му бидат благодарни што го штитеше нивниот град. Неговото семејство го познаваше само како нежен и добронамерен уметнички директор, дизајнер на веб страници, маици и плакати за концерти на кои секогаш стои вистинската работа (дури и ако е исклучително недолична).
Арон беше познат по своите долги и забавни приказни, кои обожуваше често да ги прераскажува – во средно школо беше член на бендот „Деца на аспарагусот“, кој ги освои критичарите во северното предградие. Кога порасна, дипломираше на Колеџот за визуелни уметности (кој и самиот неодамна почина од природна смрт) и потоа работеше во неколку агенции околу Минеаполис, за на крај да се скраси на позицијата креативен директор во компанијата „Colle + McVoy“.
Арон беше заљубен во стриповите, енциклопедиите за поп културата и секогаш беше најзабавната личност на сите журки. Зад него остануваат родителите Бил и Ким Кулмејер, сестрите Ерика и Никол, првата сопруга Гвен Стефани, сегашната сопруга Нора и синот Ралф, кој ќе порасне за да се одмазди за прераната смрт на својот татко.“
Посмртница
„Арон Џозеф Пурморт почина мирно во својот дом на 35-годишна возраст, на 25 ноември, по компликациите кои настанаа по касн

Пронајдете не на следниве мрежи: