Ја нарекувале ДЕБЕЛ КИТ, а таа им подготви БРУТАЛНА ОДМАЗДА!

Дени Мекмилан е типична американска тинејџерка која во училиште се соочува со злобни злоставувачи. Бидејќи има вишок килограми и не спаѓа во групата на популарни „фаци“, станала мета на вербални напади.Ја нарекувале дебел кит, но оваа 16-годишна девојка тоа одлучила да го сврти во своја корист.
Сѐ започнало откако на мобилен ѝ пратиле скриншот направен од Твитер страница која ја направила друга ученичка, а на која е објавена нејзина фотошопирана фотографија, на која наместо глава, се наоѓа кит.
Под фотографијата се наоѓале зборовите: „Дени Мекмилан е дебела како кит.“
„Истрчав од училницата во ходникот и почнав да плачам. Бев многу вознемирена и лута. Ми беше многу незгодно“ – изјавила Дени.
„Се заклучив во соба и плачев со денови. Цели три дена гледав како расте тревата во дворот, а подоцна со помош на мојата сестра, пријателите и фотомодели за плус величини успеав нешто грдо да претворам во нешто убаво“ – изјавила таа.

Лора Ли, манекенка која носи облека за жени со поголем конфекциски број, одговорила на нејзините пораки на Фејсбук.
„На шега ѝ реков дека ми се плаче секој ден, а друг дел од мене најрадо би облекол маица со нацртан кит и така да дојдам во школо. Сакав да им покажам дека не можат да ме повредат, а Лаура врати дека токму тоа треба да го направиме“ – изјавила девојката.
Со помошта на Лаура, таа купила маици на кои дала да се напише: „Ди, дебелиот кит, ги спасува китовите.“
Покренала акција за собирање средтсва за зачувување на китовите и сите пари од продажбата на маиците ги донирала на организација која се занимава со заштита на китови.
Ја нарекувале дебел кит, но оваа 16-годишна девојка тоа одлучила да го сврти во своја корист.
Сѐ започнало откако на мобилен ѝ пратиле скри

Пронајдете не на следниве мрежи: