Изабела Ворлок има 19 години и ги проживеала училишните денови во вртлогот на понижување и солзи. Не се шминкала, а поради мозолчињата ја нерекувале „грдото пајче“. Сега е прекрасна.Изабела станала успешна манекенка и сега успеала да им ги затне устите на сите кои ја исмејувале.
„Не сакав да се шминкам а тоа беше многу важно во моето училиште. Не сакав ни кратки здолништа. Непрекинато ми зборуваа дека сум грда и дека имам одвратна кожа. Ме нарекуваа „сланиноуста“ бидејќи имав дебели усни“, вели девојката.
Не само што вербално ја злоставувале туку и ја мавале со предмети кога поминувала покрај нив.
„Постојано размислував за тоа дали треба да бидам послаба. Мислев дека проблемот е во мене. Имав голема поддршка од семејството и успеав да ја надминам несигурноста. Сега се зан имавам со манекенство“, вели оваа девојка.
Таа дака јавно да истапи и да прати порака до сите кои трпат насилство од силеџии.
„Мојот пример нека ви покаже дека е можно да се издигнете над потсмевањето и да успеете. Доколу таквите работи ги игнорираме тие никогаш нема да се променат“, порачала таа.Изабела станала успешна манекенка и сега успеала да им ги затне устите на сите кои ја исмејувале.
„Не сакав да се шминкам а тоа


