Ја нема од 24- ти јуни: Семејството на исчезнатата Ана се плаши дека е киднапирана!

Неверојатно е дека таа самоиницијативно, на своја волја, исчезнала без трага и глас. Сигурно би им се јавила на членовите на семејството, вели пријателката на исчезнатата Ана Топиќ.Ана Топиќ (26) исчезнала во Загреб на 24-ти јуни и уште ѝ ја нема трагата. Порталот Лаудато јавува дека нејзиното семејство се сомнева дека е киднапирана.
„Која е причината за исчезнувањето, никому не му е јасно. Сите нас не фрли во шок. Повеќе  верувам дека е киднапирана“, вели братот Јосип Топиќ. Семејството добило порака од непознат маж кој се понудил да помогне во пронаоѓање на Ана.
Една од пријателките на Ана вели дека таа по природа е весела личност.
„Никогаш таа девојка не сте можеле да ја видите тажна или загрижена. Не можам да поверувам дека таа самоиницијативно, на своја желба, исчезнала без трага и глас. Сигурно би му се јавила на семејството“, рекла пријателката.
Торбата на Ана била најдена на Мостот на младоста во Загреб и вратена на семјството неколку дена по нејзиното исчезнување.Ана Топиќ (26) исчезнала во Загреб на 24-ти јуни и уште ѝ ја нема трагата. Порталот Лаудато јавува дека нејзиното семејство се сомнева дека е кидна

Пронајдете не на следниве мрежи: