Колин Бернс (35) од Флорида паднала од карпа висока 120 метри недолго откако објавила фотографија на Инстаграм, на која се гледа како ужива токму на кобното место. Се се случило кај Големиот Кањон во Колорадо, а полицијата соопштила дека го нашла нејзиното тело на дното од кањонот.„Но тој поглед“, напишала Колин покрај својата последна слика во животот. После оваа објава повеќе не се јавила.
Несреќната жена била на планинарење со семејството и пријателите кога се лизнала и паднала од стрмната карпа. Една од пријателките кои биле со неа објаснила како дошло до несреќата.
„Се тргна настрана за еден човек да се истурка меѓу нас. За жал се сопна и падна наназад директно во кањонот“, раскажала Џесика Ранон, која била со Колин се до последниот момент.
Таа додала дека тоа биле најдолгите две секунди во нејзиниот живот, но дека Колин секогаш ќе ја памети како голем авантурист кој навистина уживал во животот. Со тоа се согласуваат и нејзините бројни пријатели кои преку социјалните мрежи изразуваат сочувство истакнувајќи дека таа умрела токму како што живеела- во авантура.„Но тој поглед“, напишала Колин покрај својата последна слика во животот. После оваа објава повеќе не се јавила.