Ја оставил бремената свршеничка преку порака, а таа направила нешто поради што секоја жена би ѝ удрила шлаканица!

Помеѓу Лорејн Динин (31) и нејзиниот свршеник Џејмс (33), работите не можеле да бидат подобри (барем сѐ така изгледало на прв поглед).Тие се забавувале подолг период, а дури три години се обидувале да добијат дете. Сепак, постапката за вештачко оплодување се исплатела и Лорејн конечно успеала да забремени.
Подготовките за венчавката биле во полн ек и таа се наоѓала во осмата недела од бременоста, кога требала да го изговори судбоносното „да“. Сѐ било подготвено: црквата, приемот, фотографот, автомобилот, па дури и резервациите за медениот месец.
Наместо да има обична ергенска вечер, Џејмс планирал да оди на тридневнво забавување со неговите 30 другари. Лорејн нималку не била загрижена. Тој уредно ѝ се јавувал додека бил со другарите.
Кога се вратил дома, Џејмс ја бакнал уште при влегувањето и просто не можел да ги оттргне рацете од неа. Го зготвил нејзиното омилено јадење и истата вечер воделе љубов.

Утредента сѐ се сменило. Додека била на пауза на работа ѝ пристигнала порака од Џејмс. Напишал дека смета како нивната врска не функционира, дека не треба да бидат заедно и дека ќе биде кај неговата мајка.
Лорејн не можела да го прифати тоа и упорно ја барала причината за раскинувањето. Дури и отишла на неговиот Фејсбук профил и открила дека се допишувал со некоја девојка. Се испоставило дека со неа ги минал оние денови кога бил на ергенски викенд. Лорејн ѝ пратила порака, во која ѝ објаснила дека Џејмс има свршеничка и дека е бремена. Џејмс набрзо ѝ се јавил, бесен што на неговата љубовница ѝ ја открила неговата тајна.
Поминале три месеци од нивното последно слушање и Лорејн одлучила да му се јави за да се договорат околу обврските за детето. По неколку средби, тие пак почнале да се забавуваат.
Тие на крај се венчале, а подоцна добиле уште едно дете. Лорејн е убедена дека Џејмс е вистинскиот за неа и покрај сѐ што се случило, тврди дека тие никогаш не биле посреќни.Тие се забавувале подолг период, а дури три години се обидувале да добијат дете. Сепак, постапката за вештачко оплодување се исплатела и Лорејн кон

Пронајдете не на следниве мрежи: