Ја оставил девојката да умре во автомобилот и рекол: „Ене ја таму, спие пијана“

„Облеката му беше валкана, мислев дека се степал. Ми рече дека паднал“, рекла Снежана Босанац, мајка на момчето  кој е обвинет дека ја оставил Аделина Михаљевиќ Јуриќ  да умре во удрениот автомобл по сообраќајна несреќа која тој ја предизвикал.Излетале од патот, автомобилот се превртел кај Валпово во Хрватска. Aделина Михајловиќ Јуриќ (23) завршила во багашникот, ногата ѝ излетала низ бочното стакло и се заглавила. Морничавите удари  го разбудиле соседот Милан Белцaр. Дотрчал токму кога возачот Дино Босанац (23) излегувал од автомобилот.
„Имал и уште некој во возилото?“, прашал Белцар.
„Ене ја таму , спие пијана…“, одговорило момчето. Подоцна Белцар рекол дека момчето било арогантно и луто.
Возачот облекува јакна и заминува. Имал 1,50 промили алкохол во крвта. Возел 86 километри на час. Тоа е почетокот, се слушнало во судот, на драмата која кобно ќе заврши за девојката од Белишќа. Дино тоа утро на св. Стефан во 2013 година околу 5:45 часот, го возел автомобилот на Аделина. Не се познавале. Тој бил пријател на нејзината роднина, се  запознале вечерта пред кобната несреќа.
„Бев лут на него што замина кога видов како е заглавена, сфатив дека ќе ми треба помош“, рекол соседот на суд. Дино пешачел три – четири километри до дома.
„Спиев кога слушнав како сопругот и синот гласно се расправаат. Облеката му беше валкана, мислев дека се степал. Ми рече дека падал. Испил повеќе“, раскажала неговата мајка Снежана Босанац на суд.

„Се пресоблече и си легна“, продолжила мајката. Маицата и панталоните ги ставила за перење, а токму тоа на обвинителството  му било сомнително, па се сомневаат  дека сепак им рекол на родителите што се случило.
Аделина во 6:35 починала во автомобилот на Итна помош. Полицијата дошла кај семејството Босанац околу 7:30 часот.

„Дојдоа двајца службеници, влегоа, едвај го разбудивме Дино“. Одбраната на Дино сака да докаже дека Дино бил во шок од несреќата и поради тоа не бил свесен што прави.
„Бил пијан, несреќата за него е стрес. Во комбинација со особините на личноста, сметам дека рационалните способности му биле значително намалени, ако не и исклучени“, оценил дрПаво Филаковиќ, вештак психијатар. Навредувањето на несреќната девојка и арогантниот разговор со Белцар, напоменува, се панична реакција во состојба на стрес за да се симне одговорноста од себе.Излетале од патот, автомобилот се превртел кај Валпово во Хрватска. Aделина Михајловиќ Јуриќ (23) завршила во багашникот, ногата ѝ излетала низ боч

Пронајдете не на следниве мрежи: