Еднаш кога ќе станете родители, приватноста едноставно престанува да постои. Моментите кога ќе успеете да одвоите време за себеси, за многумина се драгоцени, а родителите треба да одлучат кога ќе му објаснат на детето неколку работи за приватноста, голотијата и границите.Сепак, има родители кои уживаат да споделуваат такви моменти со децата, како што е Стејси Соломон, мајка на деветгодишниот Закари и петгодишниот Лејтон. Таа на својот Инстаграм профил објавила весела семејна фотографија од нивната бања, а многу луѓе ја нападнале поради тоа што сметаат дека не е нормално мајката да се капе гола заедно со своите синови. Но, Стејси не се потпрала на туѓите мислења, па затоа под фотографијата напишала: “Зарем да се биде мајка не е најдобрата работа на светот … дури и кога те прскаат со водени пиштолчиња по лицето”.
По ваквата објава на Инстаграм и бројните критики кои таа ги добила, Стејси одговорила: “Кој и да е ужаснат од идејата на заедничко капење со децата – има големи проблеми. Тоа е сосема нормална работа во нашиот дом и на капењето со децата гледам како на заедничка вечера со нив или заедничко читање на книги во креветот. Заедничката купка во нашата куќа е облик на комуникација и зближување и голем дел од нашата секојдневна рутина”.
Исто така, таа се свртела кон оние кои имаат проблем со сексуализирање на женското тело: “Зошто да не биде само човеково тело? Не разбирам зошто човековото тело не е нормална работа?”, вели Стејси.
Сепак, има родители кои уживаат да споделуваат такви моменти со децата, како што е Стејси Соломон, мајка на деветгодишниот Закари и петгодишн