Џејден Фонтенот (10) е херој за кој овие денови зборува светот. Неговата мајка одеднаш почнала да се породува, тој ѝ помогнал и му го спасил животот на бебето.Ешли Моро (36) утрото на 11 август го испратила вереникот на работа и тогаш ѝ пукнал воденикот. Погледнала надолу и ги видела нозете на бебето како излегуваат од неа. Веднаш повикала помош.Го испратила детето кај бабата која живее во куќата веднаш до нив, меѓутоа таа не можела да помогне зашто поради операција била речиси неподвижна.
Повикале итна помош, а Џејден кога видел дека работата станува критична, се одлучил на голем чекор – да ја породи својата мајка.
-Му реков: Ќе ми помогнеш да го родам твојот брат, но тоа мора да го направиме брзо зошто нозете на бебето станаа модри и тоа можеби не дише, раскажува Ешли.
Џејден ги следел инструкциите од мајка си. Го свртел бебето и ја поддржувал својата мајка во текот на породувањето. Но, кога се родило бебето, не дишело.
Детето веднаш пронашло аспиратор за нос кој го користи неговата 11-месечна сестра и почнал да му пумпа воздух на бебето низ носот и устата.
Бебето Декс почнало да дише, а набрзо стигнала и итната помош.
Гордата мајка подоцна подоцна опиша како се чувствувале кога сето тоа успешно завршило.
-Многу сум горда на него. Тој е храбар и силен. Тој е мојот херој, раскажува Ешли.
Лекарите во болницата подоцна рекле дека во случај Џејден да не ѝ помогнел на мајка си при породувањето, бебето би умрело од задушување.Ешли Моро (36) утрото на 11 август го испратила вереникот на работа и тогаш ѝ пукнал воденикот. Погледнала надолу и ги видела нозете на бебето како