Правиме реклами за странците да ја запознаат Македонија, но дали ние како домаќини првенствено ја познаваме нашата татковина па после да ја претставуваме кога странците ќе дојдат да ја посетат Македонија.
Многумина од нас не биле на Беровското или Дебарското езеро, на струмичките водопади, сте ги виделе ли повеќето манастири во Македонија, можеби не сте ги посетиле многуте археолошки локалитети и стари градови, кој во Македонија ги има многу.
Имено, најскапата колкеција која е продадена е токму од Македонија, станува збор за колекција пеонски монети. Монетите биле украдени од Македонија а продадени без никакви последици во голема аукциска куќа.
Малкумина од нас успеале да ги видат сите убавини и природа која ја поседува Македонија. А уште помалку од нас ги знаат природните наоѓалишта што постојат.
Имено, во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец. Македонскиот рудник „Алшар“ е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален „рудник” на еколошки чиста енергија. Тој е дел и од „ Емералд“- мрежа за заштита на природни реткости.
Од друга страна пак, Македонија го поседува првиот по квалитет опиум во светот.
Се смета дека во темелите на манастирот „Св. Богородица Пречиста“ и манастирот „Св. Јован Бигорски“ како и во „Св Геогриј Победоносец“ има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос.
Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот…останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia.Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино. 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години.
Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во господарот на прстените.
Имено, во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина..Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост. Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека, тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок!
Лесновскиот Манастир е прва монашка република на Балканот. Во него постоело книжовно училиште – „Лесновски скрипторум” и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско (препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот.
Браќата Манаки 1905 год. во Битола отвараат ново „Студио за уметничка фотографија” и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.
Исто така првата отворена зоолошка градина на Балканот е во Скопје.
Македонија има 34 планини и 53 природни и вештачки езера, најстарото во Европа е Охридското кое е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години и во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност.
Во Македонија се произведуваат годишно повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Правиме реклами за странците да ја запознаат Македонија, но дали ние како домаќини првенствено ја познаваме нашата тат
Пронајдете не на следниве мрежи: