Ја продала ќерката за 8.000 евра

Центарот за социјална работа во Тузла згрижил девојче од  тузланската населба Михатовиќи, која мајка и минатата година, наводно, ја продала за 8000 евра на едно семејство од Живинце, чии членови ја терале да проси.Ова 12- годишно девојче од ромска националност, инаку добар ученик, со посретство на Здружението на Земја на деца била вкличена во проект за образование на деца по скратена програма, кој се одвивал во ОС Подриње , Михатовиќи. Сакала да учи и постигнувала добри реултати и неколку пати го претставувала училиштето на натпревари.
„Девојчето одеше во трето одделение, но наеднаш престанала да се појавува на настава. До истекот на законскиот рок од 15 дена недоаѓање на училиште без оправдание не можевме да превземеме ништо, освен што безуспешно се обидувавме да ја најдеме најзината мајка.
За жал, мајката не се одважи на нашите повици. Штом поминаа 15 дена, случајот го пријавивме во Центарот за социјална работа, кој веднаш реагираше според надлежните државни институции“, вели Емир Јахиќ, директор на ОС Подриње.
Излегло дека девојчето го омажиле за постар маж кој ја одвел во Живинце. Неколку дена подоцна нејзината мајка отишла да ја посети, но новото семејство не и дозволило да ја види. Потоа мајката се обратила кај наставниците,  но веќе се трагало по девојчето. Била пронајдена на улица во Бања Лука како проси.

„Кога ја нашле ја сместиле во сигурна жкуќа, а кога истекло времето за престој, згрижена е во друга институција и одреден и е посебен старател“, изјавила Хасиба Алибеговиќ од центарот за  социјална работа во Тузла.

„Разочарани сме што  потклекнаа одредени  институции  кои се дел од ланецот за борба против трговија на луѓе. Против младоженецот се води постапка за казнено дело  за полов однос со  малолетно лице“, рекол Аднан Дрндиќ, социјален работник од Здружението Земја на деца.
Мајката е обвинета за казнено дело напуштање или злоставување на дете за што е осудена на шест месеци условен затвор,а казната нема да ја издржува доколку во следните две години не направи слично кривично дело.Ова 12- годишно девојче од ромска националност, инаку добар ученик, со посретство на Здружението на Земја на деца била вкличена во проект за образо

Пронајдете не на следниве мрежи: