ЈА ПРОНАШОЛ ЌЕРКАТА ПОД ТУШ, НЕ НИ ДИШЕЛА: Одел зад Брзата помош, а тогаш…

Еден татко доби казна за пребрзо возење додека го следел возило од Брзата помош во кое се наоѓала неговата ќерка. Преплашениот Кевин Тејк повикал Брза помош кога неговата ќерка Софи (25) доживеала напад и престанала да дише под тушот.
Тој влегол во својот автомобил и ја следел Брзата помош која ја носела неговата ќерка одведена на итно лечење.
Но, го „фатила“ камерата за брзо возење кога возел 60км/ч на место каде ограничувањето е 50км/ч. Казнет е со 100 фунти и три казнени поени. Кога од полицијата побарал да покажат сожалување, дури им испратил и доказ од хоспитализацијата на неговата ќерка, му рекле дека казната не може да биде поништена.
– Полицијата секогаш бара помош од јавноста, но што кога на нас ни е потребна нивната помош – вели налутен таткото.
– Беше во многу лоша состојба, мислев дека ја изгубив. Да возев 150 км/ч. не би се жалел.
Се започнало кога Кевн слушнал бучава од бањата, во семејната куќа во Сандерланд. Отрчал на спратот и ја пронашол Софи, како во несвест лежи под тушот. Почнал да вика и да ја бара сопругата Сузан (53).
Брзата помош стигнала брзо и ја одвела Софи, а зад неа тргнале нејзиното момче Тони и нејзиниот брат, како и нејзинит татко во својот автомобил.

– На неколку секунди престана да дише, ја зграбив, но беше згрчена. Како да извлекував кукла од под тушот. И викав на сопругата да викне Брза помош. Мислев дека е готово.
Две недели подоцна добил казна за пребрзо возење. Молел за разбирање поради ситуацијата, но безуспешно.
– Дури им го испратив и наодот од болница на Софи како доказ дека одевме во болница.
На Софи и е дијагностицирана епилепсија, и сега како што велат докторите мора да бие таблети до крајот на животот.
– Разбираме и сочувствуваме со госпотинот Тејк, но постојат одредени процедури, вели шефот на полицијата.Преплашениот Кевин Тејк повикал Брза помош кога неговата ќерка Софи (25) доживеала напад и престанала да дише под тушот.
Тој влегол во свој

Пронајдете не на следниве мрежи: