Столарот Роб Џенер ги излудува своите соседи во мирно предградие на Кент. Толку што полицијата по втор пат го уапсила откако огорчените и вознемирени соседи го пријавиле дека ја реновира својата куќа- гол.Со оглед на тоа дека и порано се соочувал со соседите, Џенер на својата куќа ставил знак „Натуралист работи на овој имот, ве молам имајте разбирање“.
И покрај пристојното предупредување, обој поранешен војник од сега ќе биде обележан како криминалец кој се обвинува дека со својата поранешна партнерка ги вознемирувал соседите и им предизвикувал стрес, а неодамна им упатил и заканувачки зборови. Добил опомена поради своето однесување.
Џенер е натуралист од 1999 година и стои до тоа дека со својот стил на живот не прави ништо лошо.
„Натурализмотму пружа чувство на слобода“, вели Џене ри додава:
„Можеби сум песимист, но мислам дека луѓето во се го гледаат само најлошото. Ме обвинуваат за работи кои се потполно невистинити“.
Агенцијата за огласување и продажба на недвижнини ја тргнала неговата куќа од својата веб страна. Џенер е убеден дека до тоа дошло поради вревата која се кренала околу неговиот стил на живот.
Сепак има и такви на кои стилот на Роб не им пречи.
„Имам сопруг, синови и внуци. Можеби затоа сето тоа не ме шокира. Освен тоа Роб е прилично згоден маж“, вели една сосетка.Со оглед на тоа дека и порано се соочувал со соседите, Џенер на својата куќа ставил знак „Натуралист работи на овој имот, в