Ја силувал и средил да ѝ го уништат лицето со киселина – Ова е нејзината ТРОГАТЕЛНА ПОРАКА…

Британската ТВ водителка и манекенка Кејти Пајпер, на која во 2008-ма година екс момчето и го уништи лицето со киселина e храбра млада жена која има 31 година и сила која и помогна повторно да си го изгради својот живот.Пајпер имала само 24 години кога била прогласена за мисица на Винчестер и манекенската кариера започнала, но тогаш влегла во кратка врска со Дени Линч кој ја силувал, претепал и и ги избодел рацете. Таа неколку часа подоцна собрала храброст да отиде во болница но и понатаму се плашела да го пријави во полиција. После 2 дена Линч ја убедил да дојде до интернет кафето за да го прочита меилот кој и го испратил. Апред зграда ја пречекало момче со капа на главата. Таа мислела дека тој ќе и бара пари, но тој и фрлил киселина в лице.
„Кога киселината ја подигна мојата нежна кожа и почна да ми тече низ лицето, за малку ќе ме ослепеше, успеа да ја убие старата Кејти во мене. После се бев ужасната да се видам во огледало, не можев да си го препознаам лицето. Бев сигурна дека веќе никому нема да му бидам привлечна, ниту пак интимна со било кој“- вели Пајпер за Дејли Меил.  

Денес таа е мајка. Ја има ќеркичката Бел и е верена. Покрај тоа, работи како водителка во ТВ емисијата „Bodyshockers” која се занимава со приказни на луѓе со медицински проблеми и големи деформитети на телото.

 

„Кога ќе се погледнам во огледало, лузните веќе не ме вознемируваат. Само ме потсетуваат дека сум посилна личност од онаа која сакаше да ме повреди. Сите ние имаме рани, некои се на кожата, а некои на душата. Запомнете – оние кои опстануваат носат лузни. Следен пат кога ќе се погледнете во огледало потсетете се – горд сум што сум жив“.
Кејти во понеделникот на својот Инстаграм профил објави:
„Дури и во најмрачните моменти знајте дека работите можат да тргнат кон подобро. Сите вие кои имате чувство дека сте заглавени на мрачно место – не ја губете вербата“ порача Кејти.
„Од секогаш сакав да имам деца, но по она што ми се случи, мислев дека никогаш нема да станам мајка. Ја изгубив волјата за живот“, вели Кејти.
По нападот пред 5 години манекенката имала изгореници од трет степен, а останала и без веѓите, половина лево уво и поголем дел од носот. Очите, устата, јазикот, рацете, вратот и градите исто така и биле изгорени. Кејти две години носела пластична маска за лице.
Нејзиното момче 8 часови ја силувал и злоупотребувал , а потоа го повикал неговиот пријател кој ја полил со киселина. Момчето заработи доживотна казна со можност да одлежи најмлаку 16 години.Пајпер имала само 24 години кога била прогласена за мисица на Винчестер и манекенската кариера започнала, но тогаш влегла во кратка врска со Дени Л

Пронајдете не на следниве мрежи: