Ја убил братучетката на свадба. Сакал да ѝ се одмазди затоа што не сакала да…

Шилан (21) била самосвесна млада жена. Студирала менаџмент и не сакала да се покори на традицијата. Нејзиниот татко ја раскинал свршувачката и следувала одмазда.Шилан (21), бил убиена во неделата на венчавка во Хановер. Ја убил нејзиниот братучед Сефин Н. (22) затоа што не сакала да се омажи за него. Пукал во неа пет пати, а со три куршуми била погодена во глава.
Кога Шилан имала само три години, нејзиното курдско семејство избегало од Ирак во Германија. Шилан израснала во самосвесна жена. Станала државјанка на Германија, студирала менаџмент за управување со недвижности.
Нејзиниот татко Гази (50), на Фејбук објавил шокантни фотографии од својата мртва ќерка.
– Со длабока тага и болка објавувам дека мојата ќерка е убиена. Таа е жртва на традицијата, предавството и обичаите – напишал нејзиниот татко на Фејсбук.

Сигурен е дека станува збор за одмазда. Во периодот помеѓу мај и јуни минатата година, Гази бил во Ирак кадешто помагал во реализација на еден проект. Вели дека тогаш неговите браќа, зад неговиот грб договориле брак помеѓу Шилан и Сефин, кој е син на неговиот брат Нуман.
Кога Гази се вратил дома, неговата ќерка го молела за помош.
– Ми рече дека не сака да се омажи за Сефин и ја раскинав свршувачката – вели таткото.
Тој додал дека затоа му се одмаздиле.
– Ние живееме во Европа. Ова е страшно злосторство против невините луѓе – вели очајниот татко.
Убиецот е во бегство, пренесе германски „Билд“.Шилан (21), бил убиена во неделата на венчавка во Хановер. Ја убил нејзиниот братучед Сефин Н. (22) затоа што не сакала да се омажи за него. Пукал

Пронајдете не на следниве мрежи: