Ја убил помалата сестра –мислејќи дека е кечер

Петгодишната Вилод Луис од Лусијана   починала поради малтретирањето од својот брат. Нејзиниот 13-годишен полубрат требало да ја чува додека мајка им била во продавница.
Но, наместо тоа, тој го претепал девојчето. Забележал дека не дише и повикал брза помош.  Жената брзо се вратила и видела хаотична сцена, но не можела ништо да направи. Детето починало поради многуте внатрешни повреди.
Детето најпрво и рекло на полицијата дека сестра му се жалела на болки во стомакот и отишла да ги измие забите, а кога тој се качил да провери како е ја нашол на подот. Но еден ден подоцна и раскажал на полицијата што точно се случило, притоа, се смеел додека го раскажувал настанот.
Раскажал дека ја фрлил на креветот неколку пати, па ја удрил во стомакот исто така неколку пати, скокал по неа исто како „кечерите на ТВ“. Таа викала дека ја боли но тој не престанувал.
Нивните соседи велат дека момчето често ја малтретирало сестрата. Полицијата го обвинила за убиство и го сместила во центар за малолетници.
Веднаш откако се дознало за несреќата во јавност се огласила и телевизијата која ги емитувала кечерите и изразила сочувство до семејството.
-Фактите јасно укажуваат на намален родителски надзор, бидејќи момчето често ја малтретирало својата сестра. Нелогично е да се помисли дека бруталното претепување на девојчето е имитирање на акција на кечерите- стои во нивното соопштение.
Ова не е прв случај деца да се однесуваат агресивно поради телевизиските емисии кои ги гледаат.Петгодишната Вилод Луис од Лусијана   починала поради малтретирањето од својот брат. Нејзиниот 13-годишен по

Пронајдете не на следниве мрежи: