Додека биле погребани таткото и ќерката Драган и Ана Пижурица, инспекторите во Колашин се обидувале да откријат што навистина се случило во нивната викендица каде биле затечени без знаци на живот.Од тој момент истражителите се сомневаат дека се работи за убиство и самоубиство. Односно дека таткото ја убил ќерката, а пота и себе или пак дека и двајцата извршиле самоубиство. Ваквите сомнежи ги потврдиле и зборовите од нивното проштално писмо.
Според неофицијални сознанија, од неговата содржина може да се заклучи дека таткото и ќерката се договориле и заедно го реализирале самоубиствениот план. Писмото потврдило дека меѓу таткото и ќерката немало недоразбирања и расправии туку напротив, невидено добар однос кој заедно ги одвел во смрт.
„Сите кои добро ме познавате јасно ви е дека морав да ѝ ја исполнам желбата на Ана“, е една од речениците од писмото која потврдува дека таткото на крај попуштил и се согласил да ја убие ќерката.
Инаку, Ана пред неколку месеци веќе пишувала проштално писмо во кое напишала дека одлучила да си го одземе животот. Таткото се обидел да ја одврати од таа идеја, но, очигледо не успеал.
Во една од последните реченици во писмото се наведува: „Знаеме дека ова е кукавички чин, но така е кога сме поразени“.Од тој момент истражителите се сомневаат дека се работи за убиство и самоубиство. Односно дека таткото ја убил ќерката, а пота и себе или пак